
PU FOAM
FIRESTOP FOAM
Огноотпорна полиуретанска пена
Еднокомпонентна нискоекспанзивна модифицирана полиуретанска пена што се одликува со благо ширење при оган, наменета за места каде што е потребна поголема отпорност на согорување. Се употребува за пополнување, изолација и инсталирање на електрични инсталации, отвори во канали, противпожарни врати, сводови. Се стврднува од влагата на воздухот и добро се лепи на сите градежни материјали. По нанесувањето, волуменот се зголемува за 50%, па затоа ги пополнува отворите само делумно. Стврднатата пена обезбедува цврсто врзување и има добри изолациски својства.